МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ФОТО) КСС ги повикува работниците на мирен протест

   Време за читање 2 минути

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ги ПОВИКУВА своите членови, сите синдикални организации, сите истомисленици и борци за социјална правда, како и сите загрозени работници кои во изминатиот период се соочуваат со прекршувања на нивните работнички права, ДА ИЗЛЕЗАТ на мирен протест кој започнува на ден 15.04.2021 – четврток од 16,00 часот. Се тргнува од Бул. Гоце Делчев спроти МРТ и се упатуваме кон Собранието, а потоа продолжуваме и завршуваме пред Влада.

Протестот ќе се одржи со автомобили со цел почитување на мерките за заштита од Корона вирусот и за заштита на безбедноста и здравјето на учесниците.

Сакаме да истакнеме дека, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во изминатиот период се обидува да воспостави социјален дијалог со надлежните претставници на министерствата и државните органи со цел разрешување на одредени проблеми кои ги засегаат вработените, како и да укажеме на почитување на законите и колективните договори кои подолг период во континуитет се прекршуваат. Исто така истакнуваме дека работничките и човековите права се прекршуваат дури и за време на пандемијата кога луѓето се во ранлива економска и здравствена состојба.

КСС – Работник

Како наши легитимни синдикални барања кои ги поставивме се следните: почитување на законите од областа на трудовото право, барање за неодложно постапување на институциите при прекршување на законите, да се запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери.Сите овие барања и активности се во насока на подобрување на социо-економскиот статус на нашите членови и на сите работници во нашата држава.

Ги повикуваме сите активно да се вклучите во овој протест, а со цел да се чуе  гласот на работниците и гласот на синдикатот и да се принудат надлежните претставници од Министерствата и другите државни институции да започнат социјален дијалог со нас со цел подобрување положбата на сите работници.