КСС: Државата не спроведе едуктативни и стимулирачки мерки за вакцинацијата, за да копира репресивни мерки од други земји
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бурно се спротиставува на мерките предложени од Kомисијата за заразни болести од причина што предложените мерки се спротивни на Законите и Уставот на РМ како и меѓународните конвенции за човекови права , како и најновата резолуција на Советот на Европа кој децидно кажува дека вакцинацијата треба да биде само доброволна. Мора да кажеме дека ние никако не сме против вакцинација, но сепак мора да се почитуваат законите и уставот на лично одлучување на секој граѓанин.
Во таа насока КСС ги демантира властите во Македонија кои се обидуваат да пресликаат мерки од многу земји каде што се носат мерки за присилна вакцинација, прескокнувајќи ги сите едукативни и стумулирачки мерки кои ги нудеа и спроведуваа тие држави долго време. Ние прескокнувајќи еден цел процес, а почнувајќи од касно добивање на вакцини и спроведување кампањи, пристапуваме кон репресивни мерки на кои нормално работниците реагираат експлозивно.
Имајќи во предвид дека ние како држава на почетокот се соочивме со немање вакцини, како и големи пропусти на Владата во спроведувањето на мерки за субвенционирање, сепак со процент од близу 50% од населението е сепак имунизирано.
Од тие причини пред се бараме спроведување на кампањи, како едукативни така и стимулирачки кои секако можеме да ги спроведеме и ќе ги спроведевме доколку имавме добар суштински и вистински социјален дијалог со сите засегнати страни и вклучување на стручни лица од сите дејности кои можат да помогнат.
Затоа ја повикуваме Владата да не ги прифаќа мерките препорачани од Комисијата за заразни болести.
Фото: Портал Работник

