ПравдаСветот на работникот

КСС дел од Конференцијата за БЗР како фундаментално работничко право

На 16 и 17 ноември во Игало, Црна Гора се одржува конференција на мрежата за безбедност и здравје при работа на Југоисточна Европа на тема „Безбедноста и здравјето при работа како фундаментално право од работните односи“. Конференцијата е во организација на Светската конфедерација на синдикати и Пан-европскиот регионален совет.

Дел од активностите кои се опфатени во агендата се пристијни и климатско – пријателски работни места.

На Конференцијата свое учество има и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, односно потпретседателот на Советот за БЗР на КСС, Ангел Панев.