Богатите земји им ги „крадат“ вакцините на сиромашните: Ќе земат милијарда повеќе од што им е потребно
Богатите земји се на пат да добијат повеќе од милијарда дози на вакцини против Ковид – 19 од што им е потребно, додека посиромашните земји се борат за преостанатите количини за да ја зауздат пандемијата од коронавирусот. Ова е објавено во извештајот на една кампања за борба против сиромаштијата, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека наодите од извештајот од извештајот се базирале на основа на договорите кои државите ги имаат со пет водечки производители на вакцини: Фајзер и Бионтек, Модерна, Оксфорд – АстраЗенека, Џонсон и Џонсон и Новак.
Извештајот покажал дека до денес САД, Европската унија, Британија, Австралија, Канада и Јапонија веќе обезбедиле три милијарди дози, што е за милијарда повеќе од потребните 2,06 милијарди, за да нивното целокупно население добие две дози од вакцните, пренесува Ројтерс.

