КСС изготви анкетен прашалник наменет за подобрување на условите за здравствените работници
Во изминатиот период, тимот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со поддршка на Европската Унија спроведува истражување на состојбата на здравствените работници во нашата земја. Целта на овој проект е да се анализира вклученоста на здравствените работници во процесот на донесување одлуки за нивните работни места. Доколку сте здравствен работник можете да го пополните овој прашалник кој е со цел да се подобри состојбата на здравствените работници.
Прашалникот се одговара директно преку долу-наведениот линк и истиот можете да го препратите до Ваши колеги – здравствени работници. Овој прашалник е анонимен и нема да ви одземе повеќе од неколку минути.

