Светот на работникот

ЛАНЕЦ НА ХОТЕЛИ ОД ХРВАТСКА испраќа претставници во Македонија да ангажираат сезонски работници

Ланецот на хотели „Arena Hospitality“ од Хрватска вработува сезонски работници од Македонија, членови на Синдикатот за угостителство и туризам (СУТ).

Имено, Меморандумот за соработка со Синдикатот за туризам и услуги кој СУТ го потпиша минатата година со цел да им помогне на своите членови да се вработат во компании во Хрватска каде што им се загарантирани сите работнички права, овозможи голем број на хотели во Хрватска да увидат колку се работливи, вредни и лојални македонските сезонски работници.

Токму поради тоа, „Arena Hospitality“ во Македонија испраќа свои претставници кои ќе направат интервјуа со сите пријавени кандидати за работа во ланецот на хотели. Интервјуата ќе се одржат во сабота и недела (18 и 19 февруари) во Хотел „Солун“ од 10 – 16 часот.

Инаку, на хотелот му се потребни повеќе профили на работници: келнери, помошници келнери, готвачи собарки…

Компанијата „Arena Hospitality“ има свои хотели во Пула, Медулин, а отвора и нов хотел во Загреб.

За потсетување, интервјуата за работа се за членовите на СУТ.