ПравдаСветот на работникотСиндикат

Македонија едно место погоре во Глобалниот индекс за почитување на работничките права на ИТУК

Македонија напредува во почитувањето на работничките права. Според Индексот за глобални права на Светската Конфедерација на синдикати, државава е на листата на земји каде регуларно се прекршуваат работничките права, во 2022 година, за разлика од претходната кога беше на листата на држави каде системски се прекршуваат работничките права. Во истата листа со Македонија се: Непал, Нигер, Руанда, Габон Маурициус и други. На истата листа е и Обединетото Кралство, Полска и Белгија. Од регионот на листата се: Албанија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

 

Деветото издание на овој Индекс рангира 148 земји според степенот на почитување на работничките права. Како едене сеопфатен преглед на работничките права, Индексот претставува една база на податоци од таков вид.

Во ова девето издание забележени се рекорди во неколку области:

  • 113 држави ги исклучуваат работниците од правото на основање или здружување во синдикат. Истиот тој бро во 2021 бил 106, што значи дека е зголемен во 2022 година. Работниците се исклучени од застапувањето на своите работни места во Авганистан, Буркина Фасо, Мјанмар, Сирија и Тунис.
  • 77 % од државите го ускратиле правото на основање и здржување во синдикат.
  • Властите во 74 % од државите го попречувале регистрирањето на синдикати, што претставува зголемување од претходните 59 %, со државна репресија на активностите на независните синдикати во Афганистан, Белорусија, Египет, Јордан, Хонконг, Мјанмар и Судан.
  • Во 50 држави, работниците биле изложени на физичко насилство, што е зголемување од 45 во 2021 година, вклучувајќи и пораст од 35 % на 43 % во државите од азиско – пацифичкиот регион и од 12 % на 26 % во Европа.
  • Во 87 % од државите забележани се прекршувања на правото на штрајк. Штрајковите во Белорусија, Египет, Индија, Мјанмар, Филипни и Судан се пропратени со апсења на синдикалнте лидери и насилни репресии.
  • Четири од пет држави го блокирале процесот на колективно преговарање.

Во секој од регионот ова право било прекршувано како во јавниот, така и во приватниот сектор. Во Тунис не можат да се одржуваат никакви преговори без одобрение од шефот на Владата.

Генералниот секретар на ИТУК, Шаран Бароу рекла оти знаат дека работниците се на самата линија на фронотот кога станува збор за повеќекратни и вонредни кризи како што се: невидени нивоа на нееднаквост, проблеми поврзани со климатските промерни, пандемија која уништува животи и егзистенцијата на луѓето, како и конфликти со разорувачки влијанија на домашен и глобален план.

Индексот на глобални права на ИТУК покажува дека овие нестабилности се искористуваат од страна на бројни влади и работодавачи во смисла на напади на работничките права.

„Ние мораме да ги објавиме негативните пракси за да ги натераме владите да сфатат дека мораат со новиот социјален договор да ги инапредат областите како: вработување, плати, права, социјална заштита, еднаквост и инклузија“, рече Бароу.

Според индексот убиени се синдикални лидери во 13 земји, 41 % од државите го ускратиле правото на слобода на говор и собирање, работниците биле поизложени на апсења и притворања во 69 држави, додека 66 % од државите на работниците им го ускратиле пристапот до правосудството, вклучувајќи го тука зголемувањето од 76 % на 95 % во државите од Африка.