ЕкономијаМакедонија

Над 55% од граѓаните ги поддржуваат владините антикризни мерки

Мерките што ги носи Министерството за економија даваат резултат, смета првиот човек на ова Министерство.

– Над 55% од граѓаните, во дел од спроведените анкети, ги поддржуваат антикризните мерки на Владата – напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил.

Според него, еден од показателите е што трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6,6 %, а цените на мало од 4,7 %.