ЕкономијаМакедонија

Намален бројот на живородени деца за 5,2 % во третото тромесечје на 2020, во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.2 % и изнесува 5 141 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица,  што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица. 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12.9 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3 768 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година.