ЕкономијаСвет

НАЈГОЛЕМИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ ВО СВЕТОТ ИМА ВО ШВАЈЦАРИЈА, најмали на Куба и во Сирија, Македонија е во златна средина

Плата од над седум илјади евра месечно, наспроти примања кои вредат само неколку десетици долари, тоа е сликата на просечните примања во светот за 2025 година, според податоците кои денес ги објави Numbeo. Очекувано, на самиот врв на листата по висина на месечни примања е Швајцарија, каде просечната нето плата е 7.369 долари месечно, што ја прави светски лидер по личен доход. Следен е Луксембург со 6.379 долари, додека третото место им припаѓа на Исланд со 4.381 долар.

На дното на листата, пак, се наоѓаат две држави каде платите се во двоцифрени бројки, поточно под 100 долари – тоа се Куба, која е убедливо последна на листата на која се 126 земји, со просечна плата од само 35,35 долари и Сирија, на претпоследното место со 45,85 долари месечна плата. Македонија на оваа листа се наоѓа некаде на златна средина, поточно на 66-то место, со просечна плата од 716,47 долари.

Повеќе на Пари