ЕкономијаМакедонија

Најниски пензии зеле 17,633 пензионери

Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.751 денари до 12.499 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 326.295 лица додека просечната пензија во ноември изнесувала 15.483 денари.

Најнизок износ на пензија земале 77.878 пензионери, од кои 60.245 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум.

Останатите 17.633 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997- 2002 година.

Извор: Pari