Неделков: Штрајкот продолжува без понуда за зголемување на платите, МТСП ги заплашува вработените во градинките
Штрајкот во образованието продолжува и во наредните денови, а продолжуваат и преговорите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) со Министерството за образование и наука (МОН).
Претседателот на СОНК Јаким Неделков во објава на Фејсбук вели дека вработените во градинките кои штрајкуваат се соочуваат со притисоци и разни дописи за заплашување.
-Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање на решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разноразни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк и препорака да го прочитате текстот од химната на СОНК. Се ви е кажано, пишува Неделков.

