ПравдаСветот на работникот

Некои прашања во случај на откажување на договорот за вработување и судска пресуда

Рубрика и трудово и социјално право
Тема: Некои прашања во случај на откажување на договорот за вработување и судска пресуда
Во случај на работен спор, ако судот донесе одлука со која ќе утврди дека на работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се врати на работа по правосилноста на одлуката, ако тоа го бара.
Дополнително покрај враќањето на работа, работодавачот е должен на работникот да му ја исплати бруто платата која би ја земал кога би бил на работа, согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување, намалена за износот на приходот кој работникот го остварил врз основа на работа, по престанокот на работниот однос.
Судот, одлуката може да ја донесе и на барање на работодавачот ако постојат околности кои оправдано укажуваат дека продолжувањето на работниот однос, со уважување на интересите на двете договорни страни, не е можен. Работодавачот и работникот во тој случај можат барањето за престанок на договорот за вработување да го поднесат до окончувањето на главната расправа пред првостепениот суд.
ПОГРЕШНО е да се смета дека работникот не може да бара од судот при оспорување на отказот да биде привремено, до окончување на постапката вратен на своето работно место.
ПРАВИЛНО е да се смета дека на работникот не му следува регрес за годишен одмор за времето на траење на незаконскиот отказ.
Проф. д-р Лазар Јовевски