„Неформалното образование може да не направи одлични претприемачи“
Автор: Бобан Илијевски
Во првата епизода на „Работник Подкаст“ наш гостин е претприемачот Зоран Витанов, со кого зборуваме токму на тема претприемништво.
Конкретно, Витанов зборуваше за што значи зборот успех за него; како да се изгради мајндсет, односно начин на размислување на еден успешен претприемач, колку формалното образование гради претприемачки дух кај младите, која е улогата на нефорормалното образование во претприемништвото итн.
Според Витанов, новите технологии ќе направат секој од нас да биде претприемач, бидејќи ќе се работи по учинок.
Тој посочи дека неформалното образование е она коешто може да не направи одлични претприемачи.

