ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

„Ние сме само роботи“: Вработените во авиокомпаниите во САД оставени на милост и немилост поради недостигот на кадар

Авиокомпаниите во САД се‘ уште се соочуваат со недостиг на кадар и покрај тоа што авио сообрајќајот забележување заздравување од мерките за ограничување кои беа воведни во 2020 година, кога голем дел од вработените беа охрабрувани да одат на платено отсуство, да дадат отказ или да се пензионираат порано, пишува британски Гардијан.

Овој феномен, како што вели весникот, ќе го попречи летањето и покрај тоа што Американците на големо бараат начин да се вратат на пред пандемиските навики, вклучуавајќи и на деловниот и туристичкиот авио сообраќај.

Компанијата Џетблу (JetBlue) се соочува со одложување и откажување на летови токму поради недостигот на вработени. Синдикатот на обединетите транспортни работници кој претставува речиси 5,000 стјуардеси во ЏетБлу, ја критикуваше компанијата поради тоа што ја префрлала вината на вработените поради тоа што не сакале да прифтат дополнителни работни задачи, со што се предизвикувало одложување и откажување на летови.

Од синдикатот истанале дека Џетблу на недостигот на работници и оперативни проблеми со зголемување на дисциплинските постапки кон работниците, вклучувајќи и зголемување на работните денови, а доколку одбијат, им се поведуваат негативни бодови кои можат да доведат до нивно отпуштање.

„Историски гледано, Џетблу отсекогаш имал мал број на вработени во нивните оддели“, рекла долгогодишна стјуардеса во компанијата за Гардијан, која побарала да остане анонимна поради тоа што нема авторизација да зборува со медиумите.

Таа рекла дека проблемите повразни со Ковид – 19, како откажување, презакажување или одложување на летовите кои го пролонгирале времето поминато на должност и тешкотиите со превозот и сместувањето во хотели, предизвикале многу од работниците да не прифаќаат дополнителни работни задачи.

Исто така, рекле дека многу вработени кои се соочувале со откажување на летовите или нивна промена, чекале по неколку часови за да Џетблу им овозможи хотелска соба или превоз до хотел, со што се кратело нивното време за одмор. Некои се откажале, па превозот и хотелот ги плаќале од сопствен џеб.

„Те држат како заложник понекогаш и не можеш да си заминеш дома. Ова е навистина тешко за луѓе кои имаат деца или родители за кои треба да се грижат“, рекла стјуардесата. „Тие не не гледаат како човечки суштества. Ние сме се‘ уште човечки суштества кои се вклучени во сето ова. Сакаме да ја видиме нашата компанија успешна и сите сакаме да дојдеме на работа, сакаме да дадеме се од себе, сакаме патниците да се враќаат назад, но чувствувам дека мислата за тоа дека сме човечки суштества е отстранета од равенката. Ние сме само роботи кои се тука само да ја завршат работат и мислам дека е нашиот најголем проблем, што не постои почит за работниците повеќе“.

Извор: Гардијан

Фото: Pixabay