Ново поскапување – зејтинот стигна 120 денари, пиперките 300 денари!
Цените на основните прехранбени производи и натаму вртоглаво растат. Цената за маслото за јадење достигна и 120 денари, покачување има и на шеќерот, млекото но и на зеленчукот и овошјето. Цената на килограм пипер достигна и 300 денари, доматите до 120 денари, краставиците и компирот од 60 па се до 80 денари, додека пак лимонот и портокалите по килограм може да се купат од 50 до 80 денари. Од Народна банка велат дека промената на цените главно е пoврзана со неизвесноста од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19.
Повеќе на АлсатМ

