Најголем дел од невработените биле ангажирани на определено работно време, покажуваат податоците на АВРМ
Агенцијата за вработување прави прегледи на засновани работни односи од евиденција и надвор од евиденција на невработени лица. Овие податоци кажуваат на каков договор за работа биле невработените лица коишто се регистирани во Агенцијата или пак не се регистрирани повеќе. Тие се поделени во два дела, лица кои биле на неопределено работно време и лица кои биле на определено време или извршувале сезонски работи.
Податоците покажуваат дека од 1 јануари 2021 година до 31 март 2021 година 46,660 невработени лица биле на неопределено време и на определено односно биле ангажирани сезонски. Од нив 19,612 биле вработени на неопределено работно време, а 27,048 биле на договор на определено работно време или извршувале сезонски работи.
Во истиот период, во евиденцијата на невработени, вкупно на неопределено работно време и определено работно време или сезонски работи имало 10,787 лица, од кои 3,222 биле на ангажирани на неопределено работно време, додека 7,565 биле на договори на определено работно време или извршувале сезонски работи.
Што се однесува до оние коишто се надвор од евиденцијата на Агенцијата за вработување од 1 јануари до 31 март, вкупно на неопределено и определено работно време и сезонски работи имало 35,873 лица. Од нив 16,390 биле на неопределено работно време, а 19,483 биле ангажирани на определено работно време или извршувале сезонски работи.
Бројни анализи покажуваат дека младите најчесто се ангажираат на привремени договор за работа, односно договори на определено работно време, а голем дел од луѓето работат и во сивата економија која според последните податоци изнесува 37 % од Бруто домашниот производ.
Имено, Законот за работни односи вели дека после пет години, работниците коишто се на определено време, треба да преминат во работен однос на неопределено работно време.

Фото: Pixbay
Подготвил: Бобан Илијевски

