Нов пад на цената на горивата од полноќ
Цената на горивата вечерва од полноќ повторно ќе паднат, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Согласно најавите, цената на дизелот ќе падне за 1,5 денар, и ќе изнесува 78 денари, цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе падне за 1,5 денар, додека ЕУРОСУПЕР 95 ќе поевтини за 1 денар.

