Нов случај на мобинг во ЈСП Скопје?! – Ги тужела за неисплатен К-15, па сега трпи притисок
Уште еден случај на мобинг во ЈСП Скопје. Елизабета Тошевска, вработена во ова претпријатие, исто како и нејзиниот колега Меџит Идризи, се жали на мобинг од раководителите на секторот каде што работи, но и од други сектори на ЈСП. Тошевска за ТВ21 вели дека притисокот врз неа започнал кога таа ги тужела на суд поради неисплатен К-15. Го добила случајот и преку извршители добила к-15 и од тој момент започнал мобингот врз неа.
Таа вели дека неколку пати на писмено побарала средба со генералниот директор на претпријатието, но тој бил недостапен за вработените, вели Тошевска.
Повеќе на ТВ21

