МакедонијаПравдаСветот на работникот

Културните институции во Велес работат со минимален број на вработени

   Време за читање 2 минути

Библиотеката „Гоце Делчев и Народниот музеј во Велес работат со минимум вработени. Поради тоа, библиотеката нема капацитет да работи во саботите, а од понеделник до петок работи само до 16 часот. За овој случај има реакции од читателите, посебно од оние кои се на работа до 16 часот, па поради скратеното време на работа на библиотеката не можат да си позајмат книга.

Како што информира за МИА Гордана Васковска в.д директорот на локалната библиотека „Гоце Делчев”, оваа состојба е се’ поизразена посебно последниве две години кога во пензија си заминале некои вработени,а на нивно место не биле примени нови.Таа информира дека  минатата година тогашниот директор ги поништил двата конкурси за прием на нови вработени, со што состојбата со кадар уште повеќе се влошила.

-Сега со мене сме само пет вработени. Една колешка е во истуреното одделение на библиотеката во Градско и во Велес сме само четири. По една библиотекарка во детскиот и една во одделот за возрасни. Една хихиеничарка е за цела зграда на библиотеката и плус за салата „Бели Мугри”. Јас сама извршувам неколку работни места како книговодител, благајник, а од неодамна и в.д директор, посочи Васковска.

Таа информира дека на почетокот на идната година во пензија ќе си замине една колешка и ако во не се распише нов конкурс за нови вработувања состојбата ќе биде уште полоша.
 
Во Народниот музеј состојбата е нешто поповолно, но исто така загрижувачка поради недостиг на кадаросебно на стручен. Како што информира за МИА в.д. директорот Марин Клифов, тие се вкупно 11 вработени, од кои само пет се стручен кадар а останатите шест администативно технички.

Градоначалникот Аце Коцевски на последната прес-конференција најави дека наскоро очекува средба со министерката за култура, каде ќе побара дозвола за пополнување на испразнетите слободни места во  библиотека и Народниот музеј во Велес