ОВА СЕ ПРОМЕНИ КОИ НЕМА ДА ЗАОБИКОЛАТ НИЕДЕН РАБОТНИК: Топ 7 трендови во кариерата за 2023
Во која и насока во моментот да тргнете, во однос на кариерата, тешко ќе ги избегнете промените кои настапиле од почетокот на пандемијата и кои настапиле од почетокот на пандемијата и кои продолжуваат да се случуваат.
Пред се‘, треба да се посочи дека ширум светот владее дефицит на работна сила, особено во некои одредени сектори како што се малопродажбата, угостителството/хотелиерството и транспортот, но и дека инфлацијата длабоко ги погодила компаниите и поединиците.
Логично, тоа влијание се „прелева“ и на платите, бенефитите, генерално, на вработувањето. На пример, технолошките компании веќе еден мсец наназад спроведуваат откази, со цел да ги намалат растечките трошоци.
CareerFoundry издвојува 7 актуелни трендови кои ќе го обележат пазарот на труд оваа година.
Каде ќе работиме?
2022 година им докажала на технолошките компании дека можат да им веруваат на вработените во тек на работата на далечина. Исто така, тоа покажало дека и поголемиот дел од работниците сакаат да работат на тој начин постојано.
Дури 75 % од нив, од целиот свет, веруваат дека работата на далечина е нова нормалност. Едноставно, од неа имаат голема полза, особено во поглед на балансот помеѓу приватниот и работниот живот. Бенефитите кои ги носат хибридната работа/работата на далечина во голема мера ги престигнале нивните негативни аспекти, како што е помалата интеракција.
Засилување на работниците
Можеби ова делува како „своевиден тренд“, но акцентот оваа година ќе биде токму на давањето поддршка на вработените и развивањето на нивниот потенцијал. Во 2021. се родил „Големиот отказ“, кој значеше масовно заминување од работните места. Започна во САД, а потоа го зафати целиот свет.
Моментално, терминот „Големиот отказ“ има 380 милиони резултати на Google, а извештаите покажуваат дека, сепак, има мало забавување на види – при што, и понатаму, незанемарлив процент (36 %) од Американците планираат да дадат отказ од работа во 2023 година.
Ова, можеби, е најголемата промена која влијае на пазарот на труд во целина, меѓу разни генерации и сектори.
Искуството на вработениот е приоритет
Надоврзувајќи се на трендот „Големиот отказ“, огромен број на работници рекле „доста е веќе“ и тоа предизвикало шок на пазарот на труд. Сега компаниите, и тоа со право, се внимателни за тоа што нивните вработени сакаат кога е во прашање работната средина.
Интересно, но одговорот е дека сакаат многу повеќе од „чај и кафе“ кои се наведуваат како вообичаена „поволност“ во огласите за работа. Компаниите кои сакаат да вработат и да ги задржат работниците од 2023 година па натаму, не смеат да дозволат вакви огласи.
Наместо тоа, треба да пробаат со пружање на поддршка на менталното здравје, подобрување на условите за денови на одмор/боледување и наградување на вработените.
Поддршка на работниците на далечина
Уште еден важен аспект со кој во „новата нормалност“ треба да се занимаваат службите за човечки ресурси е да им ги исполнат потребите на работниците на далечина.
Ако од вработените се очекува дури и повремено да работат од дома, тие мораат да имаат адекватни алатки за тоа. Покрај буџетот за поставување на физичка опрема, ова прашање се протега и на дигиталните алатки кои им се потребни, не само за далечниско поврзување, туку и ефикасност.
Пандемијата довела до пораст на побарувачката за алатки кои помагаат поефикасно да се соработува преку мрежите: од едноставен уред за снимање на екранот Loom, до виртуелен работен простор за Miro.
Вештините пред позициите
Се на се‘, во 2023. оние кои бараат работа многу бро ќе ги видат промените во тоа како ги доживуваат другите. Тоа е поради промената на начините на кој се проценува самата работа. Оние кои ја познаваат технолошката индустрија – рекле дека траат со децении, при што потенцијалните колеги не се проценуваат по тоа што направиле, туку по тоа што можат да направат.
Повеќе генерации на едно место
Како што во продолжение пишува CareerFoundry, можеби за првпат се наоѓаме во ера во која постои потенцијал поширокиот спектар на генерации да се најде во една иста канцеларија, во исто време. Со други зборови, нема поделба на „помлади“ и „постари“.
Но, за раководството да може да создаде нови предизвици, во вид на план за тоа како да се осигураат членовите на тимот родени во 1950-тите и оние родени во текот на 2000-тите, меѓусебно да се согласуваат. Студијата за работните места која ја направил Делојт ја покажува важноста на надминувањето на широките демографски категории, за луѓето да се разберат на значајно ниво.
ВИ ќе овозможи можности за кариера
Во 2023. се‘ почесто ќе слушате и за вештачката интелегенција (Artificial intelligence, AI), како покренувач на бројни работни места, особено во иновативните сектори. Но, наместо разумни роботи кои доаѓаат да ја преземат вашата работа, вештачката интелегенција ви служи на вас – ви помага да ја развиете вашата кариера.
Пред се‘, индустриите ширум светот ја користат вештачката интелегенција за да им помогне да напредуваат и да работат поефикасно и покомфорно. Не е изненадувачки што вештачката интелегенција и аналитиката на податоци се „блиски пријатели“, но ќе се изненадите колку други можности сето тоа создало во технологијата.
На пример, може да се вклучи развојот на вебот, па дури и UX дизајнот: всушност, UX пишувањето за четботови станало пазар кој има толкав раст што може да посетувате курс специјализиран за тоа да бидете високо профилиран UX работник.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

