Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа објавува:
О Г Л А С
За прием на работник на работно место
Аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија
- Искуство во развој на веб и на десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#
- Познавање работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server
- ВСП – Факултет за информатичка технологија или електротехника
- Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер
- Одлично познавање англиски јазик
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање иницијативи
- Тимски дух, позитивен став и однесување
- Способност за работа под притисок, соочување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 часот до 9.00 часот и крај од 16.00 часот до 17.00 часот. Стопанска Банка АД – Скопје нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, аплицирајте со поднесување ваша кратка биографија (CV) на англиски и македонски јазик онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-пошта: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. „11 Октомври“, бр. 7, 1000 Скопје со забелешка за кое работно место аплицирате, најдоцна до 06.04.2021 година.
Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

