ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Ако твојата желба е работа во банка, во динамична атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и приклучи се на успешниот тим на УНИБанка АД Скопје.

Можеби на Банката си и потребен токму ТИ!

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Mенаџер за стратешки клиенти!

Треба да поседуваш: 

  • Одлични организациски и комуникациски вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Вештини за презентирање;
  • Познавања од банкарското работење во делот со корпоративни клиенти ќе се земе како предност;
  • Вештини за користење на пакетот – Microsoft Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • И најважно, желба за работа, надоградба и успех.

Твоите задачи:

  • Остваруваш контакт и директни средби со постоечки и нови потенцијални корпоративни клиенти на Банката;
  • Вршиш презентација и продажба на сите продукти на Банката;
  • Идентификуваш можности за алтернативни канали на продажба и развој на продажбата;
  • Идентификуваш можности за cross и up-sale кај постоечките клиенти на Банката;
  • Вршиш анализа на банкарскиот сектор и даваш идеи за подобрување на нашите продукти и услуги.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје со Subject: “Оглас за Mенаџер за стратешки клиенти”, најдоцна до 03.02.2021 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: zlp@unibank.com.mk.