МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

„Се тресеше гората, се роди глушецот“ – Општиот Колективен договор ги разочара работниците и синдикатите, вели Јовевски

Фејсбук статус на Проф. Д-р. Лазар Јовевски:
 
МАКЕДОНСКА МЕРА – MACEDONIKUM ADMODUM
 
Тема: Предлогот на новиот Колективен ги разочара работниците и синдикатите
 
Зголемување од 10% на платата овој септември.
До крајот на 2023 К-15 во висина од 10 000 денари.
Следно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор дури во април 2025.
Што значи ова?
Работниците во јавниот сектор од септември 2023 година до април 2025 година согласно предлогот ќе добијат покачување на платата од само 10% плус евентуално 3-4% во април 2025 согласно проекциите за раст на просечната плата за 2024 (кои самата Влада ги прави), а инфлацијата само во 2022 година изнесува 14,2% (официјалната). Сите знаеме дека е многу повеќе. Во текот на целата 2024 ќе нема никакво финасиско поместување. Се дерогираат правата на зголемување на платите и другите парични давања уредени со гранските и поединечните колективни договори во јавниот сектор (што без дилема е спротивно на Уставот, актуелните законски решенија и меѓународните конвенции кои Македонија ги има ратификувано).
Овој предлог е прифатлив за ССМ (засега), но не и за други национални и грански сисндикати.
Регресот за годишен одмор во износ од 10 000 денари кои се нуди веќе е предвиден во износ од 9000 денари согласно Гранскиот колективен договор од 2019 за најголемиот број вработени во јавниот сектор (така што овде нема ништо ново и посебно), а регресот за останатите кои не се опфатени со овој колективен, согласно другите грански и поединечни колективни договори изнесува од мин. 40% до 100% од просечната плата (во некои сектори зависи од расположливите средства кои ги има институцијата).
Се на се бомбастично најавување за разочарување! Или народски кажано „се тресеше гората се роди глушецот“
Ова не е ниту македонска, најмалку пак социјална мера со која треба да се гради јавен систем со достоинствени плати за достинствен живот!
проф. д-р Лазар Јовевски
 

Фото: Приватна архива