Одбиен амандманот за зголемување на платите за 15 %
Амандманот за зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15 % беше отфрлен од страна на пратениците на СДСМ и ДУИ.
Имено, неодамна Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) испрати три предлози доо сите пратеници во Собранието на Македонија, Од овие предлози произлегова два амандмани коишто ги поднесе опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Едниот беше за зголемување на платите за 15 % на вработените во администрацијата, а вториот за финансиска помош на вработените во приватниот сектор.
Истиот амандамн за зголемување на платите на административците беше поднесен и од Сојузот на синдикатите на Македонија.

