МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Група на пратеници поднесоа амандамни базирани на предлозите на КСС за вработените во јавниот и приватниот сектор

Група пратеници од ВМРО – ДПМНЕ поднесоа два амандамни на Предлог – Буџетот кој е во собраниска процедура, а кои се однесуваат на предлозите кои Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија пред десеттина дена ги испрати до сите пратеници.

Имено, со едниот Амандман се предлага да се обезбедат средства во висина од над 4 милиони денари за зголемување на платите на вработените во администрацијата за 15 %.

Со другиот Амандман групата на пратеници се предлага да се обезбедат средства од 180.000.000 денари за да се помогне на сите работници, приматели на плата во реалниот сектор од 18,000 до 22,000 денари; да ми се доделат еднократни парични надоместоци за месец: јануари, февруари и март, од по 3,000 денари, со што би се ублажила дупката од инфлацијата во нивниот семеен буџет, во однос на можноста за полесно сервисирање на секојдневните издатци, како за храна, така и за топлинска енергија.

Како и што наведовме на почетокот, КСС неодамна испрати допис до сите пратениици во кој даде три предлози – правично планирање на буџетот, усогласување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за вработените во стопанството.

Од КСС и денеска испратија допис до пратениците, преку кој повторно побараа поддршка од сите пратениците за нивните предлози.