ЕкономијаМакедонијаНовости

Од полноќ ново намалување на цената на дизелот!

   Време за читање 2 минути

Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 28.11.2022 година

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,810 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,230% или за 10,450 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,811% или за 26,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 1,639% или за 14,350 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,957% или за 4,350 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 59,3895 ден/$ и е за околу 0,614% понизок од курсот на доларот (59,7566 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.