ЕкономијаМакедонија

Од полноќ поевтинува бензинот, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во однос на одлуката од 29.8.2022 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.

Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V), на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 2.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС -95“ – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 101,50 (денар/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 97,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 53,955 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,852 %, кај дизелот 0,416 %, кај екстра-лесното масло 0,105 % и кај мазутот намалување од 0,587 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,092 %.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 2.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната.