Светот на работникот

Поминале низ низа на одбивања и падови, а денес имаат успешни кариери – Како се случил пресвртот?

Подготвил: Бобан Илијевски

Секој човек на оваа планета има кариера од соништата, но во мал број се оние коишто успеваат да ги остварат при првото вработување. За секого од нас пресудни се различни фактори, кои не носат на различни патишта. За некој е пресуден износот на плата, за некој поголеми кариерни можности итн. Некои луѓе се определуваат за кариера која ќе им донесе поголема сигурност.

Српскиот портал Telegraf Biznis.rs пренесува три приказни кои се доказ за тоа дека се доаѓа на свое место во вистинскиот момент, но и дека може да се обезбеди многу добар живот и од оние професии од кои сте мислеле дека не може да се заработи.

Од „стоење во чекална“ до наградувана водителка

Првата приказна е за Саманта Браун, жена која отсекогаш сонувала да биде актерка на Бродвеј, но животот ја одвел на поинаков пат.

Студирав на Универзитетото во Сиркузна музучки театар, додека истовремено очајно сакав да се преселам во Њујорк и да станам актерка. Сакав да го работам Шекспир и да бидам на Бродвеј, но тоа не се оствари. Резервирав маси добри осум години. Сепак, сакав да импровизирам и бев дел од една импровизирана театарска група, притоа продолжив да аплицирам за работа, објасни Саманта.

Нејзината желба за импровизирање се исплатила, бидејќи еден писател ѝ предложил една продукциска компанија која барала водител, а аудицијата требало да биде во целост импровизирана.

И така ја добив работата. Кога сте туристички водител не постои сценарио. Сепак, на вас останува во која насока ќе се движи приказната, но потребно е да ја разберете и да знаете како ќе заврши. Исто така, златно правило во импровизацијата е никогаш да не кажете не, туку секогаш да, за да работите продолжат да се одвиваат, вели Браун.

 

Како што вели, осумгодишната работа како рецепционер за резеравција на маси била тешка, но воедно и послужила за да ја обезбеди работата која, според неа, ни во најлудите сонишата не помислила дека ќе ја има.

Telegraf Biznis пренесува дека денес нејзината емисија „Места кои ќе ги сакате со Саманта Браун“ е многу популарна, а таа е добитничка и на наградата Еми.

Некогаш снимател на венчавки, денес вреди 8 милиони претплатници

Еден Кинез по име Мајк Чен е основач на „Stcrctly Dumplin“ и неколку други Јутуб канали на кои има околу 8 милиони претплатници. Претходно тој работел како сметководител и снимател на венчавки.

Дојдов од Кина во Америка кога имав осум години. Моите родители започнаа да работат во ресторани, а потоа отворија и свој американизира кинески ресторан. Така што јас пораснав на постојана исхрана која се состоеше од пишеко и ракчиња на Генералнот Тсо, вели Чен.

Мајк раскажа дека во местото каде што е израснат не постоеле многу различности, додавајќи дека му помогнало тоа што неговите родители го пратиле за Кина на 13 години.

Многу деца ги казнуваат така што ги испраќаат во своите соби. Мене ме испратија во Кина на две години“, истакна тој за CNBC.

„Вау, предобро е, луѓе, историја, сакав да дознаам уште повеќе!“, биле првите негови впечатоци.

 

Откако дипломирал, се преселил во Њујок и се вработил на Вол Стрит, каде што поминал една година.

Потоа станав снимател на венчавки, бидејќи сакав да имам флексибилно работно време. Живеев во мал подрим во Бруклин без клима и заработував околу 400 долари во „сезона“, вели Чен.

Тоа беше првпат да не јаде јастог и маслинки, вели тој, додавајќи дека добил можност да почувствува вкус на разниколикоста во кинескиот кварт и започнал да го истражува своето потекло кое претходно не го сметал за важно.

По некое време, започнал да снима за храна на Јутуб и води нешто слично на дневник за својата исхрана.

Се сеќавам дека разговарав со еден пријател и дека заклучивме ваквата содржина на исхрана нема да доведе до било што, додаде тој.

Подоцна испаднало дека се излажале.

Никој не правеше ништо слично на Јутуб. На почетокот имав само 10 претплатници и некако нивниот број порасна на оваа бројка која никогаш не ја очекував. Немав премногу пари додека растев и се остамостојував, така што барав работи кои не беа скапи, но беа заситувачки и вкусни. И тоа е точно она што денес го работам ширум светот, посочи Чен.

Поминала низ многу одбивања, а денес е успешна водителка

Се обидов да аплицирам во школата за емитување на универзитетот во Тексас. Имавме само една шанса да бидеме примени во програмата. Јас не успеав да влезам и се чувствував очајно, објасни Колин Кели, водителка на емисијата „Семејни патувања со Колин Кели“, присетувајќи се на своите почетоци.

Неколку години подоцна, дипломирав и ја добив првата работа во продажба. Подоцна се преселив во Чикаго и започнав да работам во фармацевстската индустрија. Парите беа феноменални и имав службен автомобил, но не го живеев својот сон, а тоа почна да ме мачи“, вели таа.

Во триесетите години се омажила, а потоа дала отказ од работа за да се посвети на своите ќерки. Но, кога тргнале во училиште, решила да оди до локалната кабелска телевизија и да праша дали во замена да ја научат да монтажира, може да води локална емисија за нивното село од 50,000 гледачи.

Немаа ниту една друга понуда, па прифатија. Пред нив покажав голема самодоверба, а во суштина не бев. Низ секое интервју добивав искуство и знаење, вели таа.

Ѝ се поверив на мојата друга мајка дека мојот сон е да водам национална емисија за патувања и таа се согласи да ја продуцира со мене. Напишавме сценарио, најдовме локален камерман и за неколку долари направивме пилот.

Од двете мрежи, каде што ја испратила пилот емисијата, ѝ одговориле со одбивање.

Едни ми рекоа дека жените не гледаат емисии за патувања, па концпетот за семејни патувања на нив не им делуваше интересен, вели Кели.

Испратила и илјадници мејлови до различни телевизиски станици, но повторно ништо.

Конечно, мојата мајка сугерираше да се јавам во локалната телевизиска станица. Преку интернет го пронајдов шефот на програмата, му се јавив и закажав состанок, без мејлови. По неколку состаноци, дознавме дека одбрале две емисии за националната фреквенција, а едната од нив беше мојата, истакна Кели.

Емисијата од 13 епизоди во својата прва сезона, денес слави 10 години од емитувањето.

Најдбро е тоа што можам да го земам своето семејство со себе!! Патувањето беше долго и полно со одбивања и се надевам дека мојата приказна може да ги инспирира другите да веруваат во себе, да ги игнорираат оние кои им велат не и никогаш да не се откажуваат од своите соништа, вели водителката.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk