ОД 250 ДО 360 ЕВРА ЗА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ ШТО ЧУВААТ ВНУЦИ После Самобор, уште еден хрватски град ја воведе мерката „Баба-дедо сервис“
По стапките на Самобор кој стана првиот град во Хрватска што ја воведе мерката „Баба-дедо сервис“, која им овозможува на бабите и на дедовците да добиваат по 360 евра финансиски надоместок за чување внуче на возраст од една до четири години, тргна и градот Крижевци.
Едно од изборните ветувања на градоначалникот на Крижевци беше воведувањето на оваа услуга, а најавениот износ е 250 евра по дете.
Градот вели дека грижата за децата во семејна средина е еден од највисоките приоритети и дека мерката ќе биде лансирана во текот на четиригодишниот мандат.
Бабите и дедовците во Самобор добиваат 360 евра за чување внуци, а надоместокот може да се користи за повеќе деца.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.
Latest posts by Редакција (see all)