Пари и натаму се слеваат на сметката на „Бехтел и Енка“ додека се бараат работници и се подготвуваат кампови
Додека конзорциумот „Бехтел и Енка“ бара работници и распишува повици за изградба на кампови, пари од државниот буџет и натаму се слеваат на сметката на изведувачот на проектот за изградба на четирите автопати на коридорите 8 и 10д.
Според информациите на „Фактор“, минатата недела Министерството за транспорт и врски на јавното претпријатие му префрлило уште 210 милиони денари, или нешто помалку од 3,5 милиони евра, пари за работењето на „Бехтел и Енка“. Ова е четврта трансакција за потребите на проектот и досега веќе се „испорачани“ безмалку 180 милиони евра за американско-турската градежна компанија.
Повеќе на Фактор

