Правда

Пензионери без повисока пензија оти се во странство – утврдена дискриминација, се чека Уставниот суд

Околу 12.000 пензионери кои стекнало право на пензија во Северна Македонија но пријавиле адреса на живеење надвор од државата, не добиваат повисоки пензии. Нема да ги добиваат ни идните зголемувања доколку повторно не се смени Законот за пензиско и инвалидско осигурување. За ова се поднесени три иницијативи пред Уставниот суд.

Остаревме, во пензија сме, отидовме кај децата во Словенија – и ние да не сме сами и на нив да им помогнеме. Зошто државата нè казнува да не земаме пензија како и сите други, а цел живот сме работеле и сме плаќале во Фондот за пензиско?

Ваква поплака од пријатели била причина поради која Темелко Ристовски, поранешен универзитетски професор по уставно право, сега пензионер, летово поднесе иницијатива до Уставен суд да ги оцени измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување – со кои државата и покрај тоа што ги зголеми пензиите, зголемувањето не им го исплаќа на пензионерите кои отишле да живеат во странство.

Повеќе тука