Здружението на пензионери Куманово ќе подели ваучери од 1000 денари за членови со ниска пензија
– Ваучерите се доделуваат на членовите кои имаат ниска пензија. Средствата се дел од годишната програма на здружението определни во годишната програма во рамки на хуманитарно-социјалниот проект, изјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.
За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, да држат дистанца пред здружението.
-Нема право да се пријават пензионерите кои веќе користеле ваучер во 2019 и 2020-та година, изјави Јакимовски.
Здружението на пензионери Куманово е едно од најактивните и најбројните во државата со над 14.500 членови. Во рамки на активностите здружението нуди и еднократна парична помош за заболени членови, поддршка за бањски туризам.
Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

