Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа е во потрага по нов член на тимот во Секторот за информатичка технологија, работна позиција Оператор.
О Г Л А С
За прием на работник на работно место
Оператор во Сектор за информатичка технологија
Работното место ги опфаќа следните активности:
- Мониторирање на системи;
- Обезбедување на хелпдеск поддршка;
- Мониторирање и поддршка на банкомати;
- Администрирање на кориснички профили;
- Спроведување на системски обработки;
- Контрола на опремата и активностите во дата центарот.
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
- Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем;
- Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти;
- Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи;
- Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи;
- Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Работно искуство од најмалку 2 години во областа.
Лични карактеристики:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.
Банката обезбедува основна нето плата од 30.000,00 МКД.
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени кои покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.
Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

