Пензионерскиот синдикат го поздравува успехот на СОНК во борбата за унапредување на правата на вработените
Пензионерскиот синдикат на Македонија од самиот почеток на штрајкот на СОНК веруваше дека ќе успее да издвои победа и дека ќе успее да ги оствари барањата на своите членови. Како нивен сојузник и грански синдикат кој ја дели истата Конфедерација со СОНК, им честитаме за постигнатиот успех во штрајкот и преговорите.
Имено, СОНК покрај тоа што се избори за зголемување на платите од вкупно 18,4 % (15 % со септемвриските плати и 3,4 % од тековната година), успеа да се избори и да биде вклучен во носењето на буџетот за плати во 2023 година. Ова е постигнување кое што го нема направено ниеден синдикат досега, но воедно е и постигнување на сите членови на СОНК кои истрајно и упорно се бореа за своите права.
СОНК се избори и за тоа вработените во образованието кои штрајкуваа да добијат целосни плати. Изразуваме надеж дека и Министерството за труд и социјална политика ќе покаже слух и дека ќе им исплати целосни плати на вработените во детската заштита.

