ПравдаСветот на работникот

Јовевски: Дискриминацијата е зло

Дискриминацијата е зло.
Дискриминацијата при вработувањето и работниот однос е двојно зло.
Дискриминацијата во современи услови е неприфатлива во која било област, но кога се врши при вработување или во работен однос директно ги засегнува егзистенцијата на човекот, неговото битие и неговото постоење.
Создаваме нови генерации правници кои ќе бидат сензитивни и на најсуптилниот начин на дискриминација, ќе го препознаат и спречат и ќе ги практикуваат трудовото и социјалното право на праведен начин.
Токму на оваа тема ,,Дискриминација при вработувањето и во работниот однос” денес се одржа конференција на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, со поддршка на Катедрата за трудово и социјално право и ОБСЕ.