Петтиот пакет мерки презентиран пред синдикатите, бизнисмените со апел на нивно итно донесување
Наместо презентација, нова тура разговори за петтиот пакет мерки за спас на стопанството и граѓаните. По средбата со стопанските комори, владини претставници седнаа на иста маса и со синдикатите. Средбата заврши, но без епилог. Власта повторно се правда само со разговори, по што ќе се објавел сетот на мерки. И додека кризата се продлабочува, бизнисмените апелираат за итно носење на пакетот помош. Според Миле Бошков, мерките мора да се насочени кон малите и средните компании зашто тие се најпогодени.
На оваа најнова средба се зборуваше за новиот сет на мерки кои се во завршна фаза, и тука секако дека ќе влезат и субвенциите за исплата на плати за работниците. Деталите кои уште се во фаза на утврдување, ќе се дознаат деновиве, а фирмите ќе може да земат кредит кој доколку работењето на таа фирма се покаже како успешно може да стане и неповратен кредит. Останува да видиме, и чекаме, вели за Алфа претседателот на Бизнис Конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.
Интересот за субвенцирање на плати изминатиот период беше голем а сега таа мерка лесно може да биде злоупотребена, додава тој.
Повеќе на Алфа.мк

