ПИСМО ОД СИНДИКАЛЕЦ КОЈ ЧЕТИРИ ГОДИНИ БИЛ ВО ЗАТВОР ЗА СИНДИКАЛНИ АКТИВНОСТИ: „Благодарение на вашата бескомпромисна борба, ја повратив мојата слобода“
Од страна на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК) ни беше препратено писмото кое го напишал Претседателот на Конгресот на независни синдикати на Белорусија, Александр Јарашук ,кој четири години бил во затвор поради синдикални активности.
Писмото Ви го пренесуваме интегрално и во целост:
„Почитувани пријатели!
Браќа и сестри!
Никогаш во моите речиси 74 години немам почувствувано вакви емоции, ниту пак некогаш моето срцце било толку полно со благодарност кон илјадници луѓе од разни држави во деновите по моето ослободување после речиси четири години поминати во затвор. Никогаш не можев да замислам дека борбата за моето ослободување ќе се рашири низ секој ќош на светот, со колегите кои организираа протести барајќи мое ослободување од страна на властите во Белорусија. И сега ја повратив мојата слобода! Моето срце е полно со неопислива гордост која ја чувствувам како дел од меѓународното работничко движење, движење кое е придружено од милиони работници кои ги следат нивните срца барајќи овој свет да стане подобро, пољубезно и поблагодатно место. Со големо убедување можеме да кажеме дека нашата организација е уникатна, дека е една и единствена, дека не постои друга организација во светот која може да здружи милиони луѓе заедно врз база на принципите на човечката солидарност. Ќе кажам директно – не постои друга организирана сила во светот која ќе си постави стратешка задача и која е способна за генерирање на човечка солидарност и глобално спојување на луѓето со добра волја, наспроти процесот на себичност и раздебли кои го турнаа светот во опасна линија, со што повторно стана голема закана по мирнодопскиот живот на нашите нации.
Благодарение на вашата [на работниците и синдикатите] бескомпромисна борба, ја повратив мојата слобода. Сепак, 21 од моите пријатели и колеги од независното синдикално движење во Белорусија се’ уште скапуваат по затвори. Апелирам да продолжите со вашата борба за нивно ослободување! Ајде да запаметиме дека секој успех во оваа борба, секој синдикалец кој ја повраќа својата слобода во Белорусија или на некое друго место на планетава, ја поништува територијата на злото и неправдата во овој свет и создава простор за доброто и праведното.
Свесен за опасностите кои им се закануваат на работниците и иднината на целото човештво од страна на растечките закани и предизвици, имајќи предвид дека кампањата во Белорусија стана симбол за нашата борба за слобода за здружување, демократија и социјална правда во светот, подготвен сум активно да се вклучам во организацијата и да ги употребам мојот авторитет и влијание за борбата да продолжи. Чест ми е да останам во вашите редови и заедно со вас да се борам за заштита на правата и интересите на членките на ИТУК и работниците ширум светот. “

