Плата од соништата? Оваа европска земја има највисока просечна плата во светот
Темата која станува сè поактуелна во денешното општество е прашањето за висината на платите, особено во контекст на сè поголемиот број граѓани од Македонија и регионот кои се одлучуваат на заминување во странство во потрага по подобри услови за работа и повисоки примања. На листата на посакувани дестинации, Швајцарија доминира – не само поради висината на платите, туку и поради силната побарувачка за работна сила.
Швајцарија со највисока просечна плата во светот
Според анализата на компанијата Ringover, која ги опфати 40-те земји со највисок бруто домашен производ во светот, Швајцарија е лидер кога станува збор за просечната годишна плата. Истражувањето се фокусираше на 30 најбарани професии од областа на здравството, образованието, финансиите, ИТ секторот и бизнисот, пренесува BIZlife.rs.
Просечната годишна плата во Швајцарија изнесува 131.461 американски долар, што е нешто повеќе од 115.000 евра. Тоа е дури 100,1% повеќе од глобалниот просек.
Во анализата, Швајцарија не беше на првото место само во три професии – кај лекарите, продажните претставници и физиотерапевтите. Во сите останати професии, таа ги бележи највисоките просечни примања.
Високите плати – резултат на стабилна економија
Овој импресивен финансиски стандард е резултат на комбинација од повеќе фактори: политичка стабилност, силна економија, висок квалитет на образованието и многу ниска стапка на невработеност.
Но, животот во Швајцарија доаѓа со своја цена. Според проценките, возрасна личност месечно троши меѓу 3.200 и 5.350 евра, ако се земат предвид трошоците за стан, режиски трошоци, храна и превоз. Со други зборови, платите се високи, но и животните трошоци се меѓу највисоките во Европа.
Топ 10 земји со највисоки просечни годишни плати
По Швајцарија, на листата следуваат:
- Швајцарија
- Луксембург
- САД
- Данска
- Исланд
- Австралија
- Белгија
- Велика Британија
- Обединети Арапски Емирати
- Германија
Оваа анализа уште еднаш покажува дека Швајцарија е земја што нуди исклучителни можности за професионален и финансиски напредок, но и дека ваквиот стандард бара соодветна адаптација на животниот стил и приоритетите.

