НовостиСветСветот на работникот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

   Време за читање 2 минути

Во првата половина од минатата година во Србија биле отворени дури 400 фризерски и козметички салони, додека во цела 2022 година биле отворени околу 500 салони за убавина. Србија е голема земја па сосема логично е дека потребата за фризери и козметичари да е на високо ниво. Тука дури се кубури со работници кои го познаваат овој занает.

Според податоците на Агенцијата за деловни регистри (АПР), со оваа шифра на дејност се регистрирани околу 14.000 претприемачи. Дополнително, според статистичките податоци, отворањето фризерски и козметички салони е една од најпопуларните занимања кај претприемачите помлади од 35 години и го зазема второто место, веднаш по програмирањето, пишува Курир.

Инаку, платата на фризер во Белград е над 120.000 динари месечно, односно 60 илјади денари.

– Неколку пати разговарав со мојот фризер кој се среќава со тинејџери кои сакаат да го научат овој занает. Платата никогаш не е помала од 100.000 динари односно 50 илјади денари, а работа секогаш има. Планирам да одам на факултет и да научам занает од кој моментално можам да заработам добри пари. Нема доволно работници, а нема недостаток на работа – вели студент од Белград и додава:

– Мојот фризер работеше во салон како почетник, а потоа отвори свој салон и одлично заработува. Има толку многу работа што не може да успее да ги види своето друштво и семејството. Обично машките фризури се закажуваат два дена однапред. Без миење на косата наплаќа 600 динари (300 денари), а до неодамна изнесуваше 500 динари (250 денари). Вели дека наскоро ќе побара помош токму поради тие гужви затоа што не може сам да стигне до таму. Бизнис започнал на 20 години и повеќе од доволно му е да живее  вели тој.

Извор: Ало.рс