Поголемата вработеност на постарите работници за подобар стандард, смета ОЕЦД
Подготвил: Бобан Илијевски
Четири од десет работници во најразвиените економии во светот ќе бидат постари од 50 години до 2050 година.
Ова го покажува најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој – „Промовирање на работната сила од сите возрасти“.
Меѓутоа, проблемот е во тоа што талентот на постарите денеска често недоволно се искористува, иако овие работници се поздрави и по едуцирани од претходно, пишува Блиц.
Затоа, како што се наведува во извештајот, поголемото учество на постари работници во вработеноста значајно би придонело до подобрување на животниот стандард, а продолжувањето на работниот век би можело да го зголеми Бруто домашниот производ по жител во просек за 19 % до 2050 година, во земјите на ОЕЦД.
Пандемијата довела до тоа да во последната половина од векот постарите работници се најдат на листата на невработени во поголем број, отколку оние во средните години.
Во Македонија, според Државниот завод за статистика, во првиот квартал до 2021 година имало 31,395 невработени лица на возраст од 50 до 64 години, но воедно и бројот на неактивни лица на оваа возраст е голем и изнесува 168,666 лица. Во четвртиот квартал од 2020 година, бројката на невработени лица од 50 до 64 години била помала за 11,9 % и изнесувала 27,845 невработени, но и тогаш стапката на неактивно население била изнесувала 168,473.
Од друга страна, податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека постарите лица, односно оние над 50 години бележат најголема невработеност, па така во мај месец 2021 година, имало 16,782 невработени лица на возраст од 50 до 54 години; 19,980 лица од 55 до 59 години и 16,608 невработени лица од 60 години и повеќе.
Извештајот на ОЕЦД вели дека вклученоста на постарите лица во пазарот на трудот може да го подобри животниот стандард, но во Македонија тоа не е случај, бидејќи најголемиот дел од луѓето на оваа возраст или се невработени или спаѓаат во неактивно население.
Извор: Blic.rs
Фото: Photographee.eu/Shutterstock

