Економија

Подготвена и објавена е првата база на податоци за кинески инвестиции во ЦИЕ

Граѓанската организација ЕСТИМА, во соработка со граѓански организации од другите земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ) ја подготвија и објавија првата база на податоци за кинески инвестиции во ЦИЕ која ја опфаќа и С. Македонија. Базата претставува колаборативен проект кој за првпат ги собира и обработува податоците поврзани со кинескиот капитал во регионот на ЦИЕ и дава сеопфатен и реален приказ на состојбите во 16 држави. Информациите се поделени по тип на инвестиција, односно кинески директни инвестиции и категорија (гринфилд, браунфилд, купувања на компании и спојувања), концесии, кредити за големи инфраструктурни проекти и развојна помош.

Базата на податоци е алатка наменета да им послужи на граѓанските организации, новинарите, аналитичарите, академската заедница и останати чинители кои се интересираат за кинеското присуство во регионот на ЦИЕ. Податоците заедно со првична анализа се достапни на следниот линк https://www.china-cee-investment.org/