Поддршка на секторот за човечки ресурси за развој на вештините на вработените
Бобан Илијевски
Јавноста е континуирано информирана за полето на реформи кои ги реализира Стопанската комора на Северна Македонија, во полето на образованието и ангажирањето на деловниот сектор во креирањето на стручно образование и обука согласно потребите на бизнисот, рече Даниела Михајловска – Василевска на денешната прес – конференција.
„Имајќи го во предвид фактот дека сите анализи укажуваат на недостиг на кадар, но и на неусогласеност на понудените вештини и квалификации со потребите на реалниот сектор, што се одразува на продуктивноста и на развојот на компаниите и влијае на нивната конкурентност, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар“, рече Михајловска – Василевска.
Според неа, во паралела со недостигот на квалификуван кадар, речиси сите компании укажуваат на потребата за обука на вработените за компетенции кои не се стекнуваат низ формалното образование, а се клучни за работното место.
Поради тоа, како што рече, идентификувана е потреба од поддршка на секторот за човечки ресурси во компаниите, со цел поддршка и на стратешкиот развој на истите.
„Имено, во услови кога како општество се соочуваме со недостиг од кадар, дополнително и со стручен кадар за одредени сектори, паралелно имаме проблем што компаниите не се во можност да ги следат инвестицските планови, во кои работната сила е еден од клучните предуслови. За таа цел преку проектите на Швајцарската амбасада: ‘Образование за вработување и зголемување на пазарната вработливост’ изготвена е програма со која се креира поддршка на компаниите за надминување на ваквите проблеми“, рече Михајловска – Василевска.
Таа истакна дека утре ќе се одржи вебинар на кој ќе може да учествуваат компаниите, а последователно ќе биде објавен и повик за кофинансирана програма за менторство и коучинг за воведување и развој на вработените во десетина компании. Целта е новите вработени да се вклопат во работата и тимот, а фокусот ќе биде ставен на инклузијата на млади и жени, зголемување на посветеноста и учинокот и намалување на обратот на вработените.
Идејата, како што вели, е и компаниите да остварат поблиска комуникација со образованите институции, од каде доаѓаат нивните идни вработени, со можност за пракса преку која би се вработиле најдобрите.
Програмата е применлива за компании кои имаат визија за развој и утврдени потреби за стручна поддршка за управување и развој на вработените, со исполнување на одредени предуслови.
Анета Дамјановска, Национален програмски офицер при Амбасадата на Швајцарија во Македонија истакна дека достоинствени работни места и одржлив економски раст се едени од главните цели на швајцарската програма за соработка во Македонија, веќе речиси една деценија.
„Она што е заедничко за овие две цели е развој на човечкиот капитал и потврда за тоа дека е навистина важна тема е тоа што ние како Швајцарска амбасада ја поддржуваме денешната програма преку две програми кои беа споменати. Програмата за пазарна вработливост работи е повеќе во насока на приватниот сектор, како и програмата образование за вработување која што е во насока создавање вештини. Токму нераскинливата врска помеѓу развојот на вештините и растот на компаниите ја сметаме за исклучително важна и затоа ја поддржуваме иницијативата којашто денеска заеднички ја промовираме со нашите партнери“, рече Дамјановска.
Таа искажа уверување дека оваа програма на малите и средните компании ќе им донесе многу придобивки, притоа подвлече дека успешните компании знаат дека вработените се најголемиот капитал и дека треба постојано да се вложува во нивното привлекување и расвој. Истакна дека исклучително е важно компаниите да направат уште еден чекор понапред и да се вклучат во развојот на вештините на младите додека тие се се‘ уште во образовниот процес. Ова, како што рече, би придонело за уште побрза и уште полесна нивна интеграција на работните места, односно младите за пократок период би ја постигнале очекуваната продуктивност.
Искуството од Швајцарија, рече Дамјановска, покажува дека токму вклучувањето на компаниите во образовниот проце резултира со квалификуван кадар, што е и клучен фактор за големата конкуретност на швајцарската економија.
„Токму затоа швајцарската амбасада во новата програма во соработка со Македонија којашто започна оваа година, а ќе трае до 2024, ќе продолжи да го поддржува развојот на вештините, како и растот на приватниот сектор, се со цел создавање на нови работни места за поконкурентна економија во Македонија“, рече таа.
Наташа Ивановска, сертифициран тренер и консултант за човечки ресурси истакна дека програмата „Раст на бизнисот преку развој на вработените“ нуди поддршка на мали и средни компании во Македонија во областа на човечките ресурси, а е базирана на реални искуства стекнати преку 20 години и е врз основа на потребите на компаниите, со коишто се соочуваат секојдневно во делот на обезбедување на квалитетен кадар за да можат да ги реализираат своите процеси,
„Програмата исто така ќе поттикне воспоствавување на инкулзивни практики за управување со човечките ресурси со фокус на ментроство и коучинг на новите вработени, пристап којшто е особено важен за новите генерации кандидати коишто со овој начин на менаџирање и управување со компаниите даваат максимална вклученост и ја зголемуваат својата продуктивност. Докажано е дека овие пристапи вклучуваат побрзо вклопување на новите вработени и поголема мотивација, а со тоа и поголеми резултати и одржлив развој на компаниите“, рече Ивановска.
Таа истакна дека активностите од програмата ќе создржат: анализа на потребите на секоја компанија – сите компании кои ќе се пријават ќе добијат индивидуален пристап; ментроска програма за клучните позиции со обука на назначени ментори од компанијата. Нагласи дека увиделе дека голем дел од компаниите и кога ќе ги најдат потребните вработени многу тешко ги вклопуваат во својата компанијата, па оваа програма ќе овозможи да се развијат менторски активности за тие клучни позиции, а ќе се обучат и ментори коишто ќе работат со новите вработени, но ќе можат да работат и со постоечките вработени во делот на развој на нивните вештини.
Ќе се изработи и прирачник за човечки ресурси, нешто што го има во компаниите како пракса, но е напишано во документи кои би биле пристапни за сите, рече Ивановска и додаде дека ќе се применуваат во пракса. Понтаму, ќе има обука за ментроство и коучинг со современи методи за задржување и развој на вработените, нешто како нов вид на раководење со вработените. И како последна активност ќе биде поврзувањето со универзитетите за пронаоѓање на практиканти и идни вработени.

