Поради штрајкот во Брисел откажани половина летови и затворени патишта: Синдикатите бараат поголеми права
Илјадници луѓе денес излегле на улиците на Брисел во рамките на националниот штрајк кој го организираше најголемите белгиски синдикати во знак на протест против реформите на сојузната влада и мерката за штедење, а протестот довел дo откажување на летови и сериозни пореметувања во јавниот превоз.
Протестната поворка започнала од северниот дел на Брисел, а колоната поминала преку градскиот булевар до станицата Брисел – југ (Bruxelles-Midi/Zuid).
Демонстрантите бараат зачувување на автоматската индекасција на плати, подобри услови за пензионирање и подобрување на работничките права, пренесува Брисел тајмс.
Полицијата ги предупредила граѓаните да избегнуваат доаѓање со автомобили во центарот на градот помеѓу 10 и 15 часот поради затворање на повеќе клучни сообраќајници и тунели.
Поради штрајкот работат само метро линиите 1 и 5, додека дел од трамвајските и автобускуте линии привремено ќе бидат прекинати или пренасочени.
Проблемите го погодиле и авио-сообраќајот во главниот град на Белгија.
Аеродромот Брисел соопштил дека се откажани околу половина од планираните летови, додека аеродромот Брисел – југ Шарлоа во потполност ги откажал патничките операции во текот на денешниот штрајк, а дел од летовите биле пренасочени кон аеродрмот Мастрихт Ахен во Холандија.
Белгиската железничка компанија претходно предупредила на големи гужви во возовите кон Брисел, особено во утринските часови, поради доаѓањето на демонстранти од други делови на земјата.
Извор: Telegraf.rs/Tanjug

