Потпишан колективен договор во МЗШВ
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство:
Денес со претставниците на синдикалните здруженија потпишавме Колективен договор со кој се предвидува раст на платите на вработените како и доуредување на работниот статус.
По неколку години без Колективен договор, денеска отвораме ново поглавје на сигурност и вреднување на трудот, согласно договорот зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години.
Министерството со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен и мотивирачки работен амбиент.

