ПравдаСветот на работникот

Почина првиот здравствен работник во Македонија

   Време за читање помалку од минута

Фармацевтската комора на Макдонија преку соопштение испратено д јавноста извести дека почина првиот здравствен работник во Македонија, како последица од вирусот Ковид – 19.

„Фармацевтската комора на Македонија со огромна болка и така соопштува дека на 27-ми март згасна животот на нашиот почитуван колега дипломиран фармацевт Петар Мојсоски од с. Подгорци, Струга“, истакнаа во соопштението.

Мојсоски се заразил работејќи во аптека, се лекувал на Инфективната клиника во Скопје, каде што ѝ подлегнал на болеста на 27 март.

Фармацевтската комора на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита при посета на аптеките.