Права на работниците во случај на неисплата на плата и придонеси
Права на работниците во случај на неисплата на плата и придонеси
Нашиот Законот за работни односи предвидува одреден број на права кои им следуваат на работниците во случај кога работодавачот не си ги исполнува своите законски предвидени обврски во однос на исплатата на платите и останатите придонеси. Па така работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил придонеси од плата три месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива пред надлежен суд за престанок на работодавачот. На оние работници на кои, заради отворањето на постапка за престанок на работодавачот, ќе им престане работниот однос во согласност со закон, ќе им се обезбеди и право на исплата на:
1) нето плати, придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување и надоместоци за периодот од последните три месеца пред отворањето на постапката за престанок на работодавачот;
2) обештетување за повредите при работа, коишто работникот ги претрпел кај работодавачот, како и за професионални заболувања; и
3) неисплатен надоместок на плата за времетраењето на неискористениот годишен одмор за тековната календарска година.
Тимот на Јуридика

