Преговорите во тек – Дали децата ќе се вратат во училишните клупи зависи од нивниот исход
Нова рунда преговори на СОНК и Владата, а исходот од нејзе ќе покаже дали од утре децата ќе продолжат да одат во училиште, по двонеделниот штрајк на воспитно – образовниот кадар.
Владата претходно му понуди 10 % на СОНК, по што 95 % од неговото членство ја одби понудата. Мора да се потенцира дека денеска во знак на поддршка во Скопје е и Сузан Флокен, Извршен директор на Европската конфедерација на синдикати од образовниот сектор – ЕТУЦЕ, која претставуваа 11 милиони просветни работници ширум Европа.
Во изминатите две недели имаше низа на обвнинувања од страна на власта за раководството на СОНК, но и низа на поддршки од опозивиските партии.
Останува да се види каков ќе биде денешниот исход од преговорите.
- ЧЕТИРИДНЕВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА ПО ДЕСЕТ ЧАСА ДНЕВНО БИ МОЖЕЛА ДА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА КАЈ НАС – „Подобро е да го земеме примерот од Полска“ - 10/09/2025
- НАДОМЕСТОК ЗА БАБИТЕ И ДЕДОВЦИТЕ КОИ ЧУВААТ ВНУЦИ И ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА ПО ГРЧКИ МОДЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА? - 07/09/2025
- Тезата „Продуктивноста мора да се зголеми, за да растат платите“ резултира со недостиг на работници - 01/09/2025