МакедонијаСиндикат

Преговорите за колективните договори за основното и средното образование помеѓу СОНК и МОН се интензивираат

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Преговорите за колективните договори за основното и средното образование помеѓу СОНК и МОН се интензивираат.

Денес, претставници на СОНК, МОН и Владата на Р. Македонија во работна атмосфера работеа на клучни прашања кои беа забележани од членовите на СОНК по јавната расправа. Поголем дел на прашања предизвикуваат финансиски импликации, за кои МОН треба дополнително да се произнесе, по консултации со министерството за финансии. Од двете страни е изразена желбата за што поскоро потпишување на договорите, што искрено се надеваме дека ќе биде во скоро време.