Uncategorised

Препознајте ги шефовите за кои никој не сака да работи – Ги издаваат алармите за „паника“

Не се секогаш лесно да се „детектира“ лош шеф, особено ако сте нови на работното место. Некогаш, тоа не е ниту до искуството, бидејќи како што вели старата поговорка – „сто луѓе, сто чуда“.

Сепак, експертите се согласни дека постојат некои „црвени знаменца“ на кои можете да обрнете внимание за да го спречите влегувањето во маѓепсаниот круг на мобинг или деструктивна работна атмосфера.

Имено, сите знаеме дека работата може да се „одбие“, но исто така, дека некогаш нема многу избор. Од друга страна, на разговор за работа може се да делува идеално, а потоа да започнат проблемите.

Според ноемврискиот извештај на американската компанија Slack Future Forum Pulse, околу 40 % од анкетираните вработените велат дека „согореле“ на работниците места. Тоа е синдромот попознат и како „burnout“.

Дополнително, како што пишува CNBC, тримесечното истражување, спроведено на 10,000 испитаници, покажува скок од осум проценти во однос на мај. Ова значи дека бројот на „согорувања“ на работно место расте.

Согорувањето, заедно со лошата работна атмосфера и стресот, станале се почести и сериозно го нарушуваат менталното здравје на работниците. Се додава дека оние кои доживуваат „burnout“ се 22 пати повеќе под стрес и анксиозност на работа од оние кои ги немааат тие симптоми.

Поради тоа, CNBC, разговарал со експерти кои ги препознале знаците на „паника“, т.е. оние кои можат да укажат на ризик од согорување. Тие „црвени и зелени знаменциња“ работниците можат да ги прпознаат разговарајќи со оние со кои работат или работеле кај потенцијалниот работодавач или читајќи рецензии за фирмата.

Црвени знаменциња

Првото знаменце на кое треба да се обрне внимание пред прифаќање на работата се менаџерите кои не се доволно обучени/подготвени да го препознаат и ублажат согорувањето. Менаџерите кои нема да поминат обука за ментално здравје, можеби, нема добро да ги разберат проблемите со кои се носат работниците.

Проблем е и што некои менаџери согорувањето не го доживуваат како „реално“.

Наредното знаменце е тоа да морате да бидете достапни во секој момент“. Потполно е во ред да не примате повици и не одговарате на пораките вон работното време, освен ако „не гори“, а тоа не е чест случај.

Мора да постои граница помеѓу времето за приватно и работно и ниеден работодавач не смее да ја помине.

Marketing prodaja reklame reklama bilbord mobilni laptop posao od kuće online

Фото: Shutterstock

Пофалби за „претерана работа“

Ова исто така е црвено знаменце и не е добар знак, бидејќи иако вашииот шеф можеби е задоволен, страда вашето психо – физичко здравје. Експертите овој синдром го нарекуваат „фетиш на претераната работа“.

Тоа понатаму доведува до од работникот  да се очекува многу, односно да продолжи со истото темпо со кое работел некое време, а кое е брзо и напнато. Со други зборови, опасно е тоа што овој синдром често доведува до тоа работата да се изедначи со идентитетот.

Зелени знаменциња

Сепак, не се грижете, не е се толку црно, и тоа го покажуваат оние работодавачи кои гордо ги носат „зелените знаменциња“. Пример за тоа е кога фирмата, на пр., вложува во своите работници, организирајќи работилници каде се стекнуваат одредени вештини или тим билдинзи и дружења.

Конкретно, работилниците за стекнување на вештини им помагаат на вработените да создадат посилни и поздрави работни односи, а тоа секако го редуцира стресот на работното место.

Освен тоа, зелено знаменце е и кога надредениот покажува што сака од работникот и кога е спремен да награди/помогне.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock